КУПУВАЈТЕ ВО ДМ И ДОНИРАЈТЕ ЗА ПОШУМУВАЊЕ! Од 16 август до 30 септември по 1 денар оди за купување садници

Пошумувањето ќе се реализира во ноември, на локација која е во непосредна близина на автопатот Миладиновци-Штип и е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП Национални шуми и Факултетот за шумарство.

95

Дм Дрогерие по повод 10 години успешно работење почнува нов проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“ чија цел е зачувување на животната средина. Ќе се пошуми 10 хектари земја, целта на компанијата е покрај доброволното учество на вработените во компанијата, во проектот да се приклучат што повеќе еколошки свесни граѓани, институции и организации со кои заедно ќе пошумат нови зелени површини.

– Главниот мотив за започнување на проектот лежи во стратешката определба, која постои уште од самото основање на нашата компанија ‒ да се грижиме за животната средина, а притоа да ги мотивираме своите вработени, како и други поединци и компании да го сторат истото, придонесувајќи кон создавање поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации. Не треба да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без неа. Должни сме да ги чуваме и да ги обновуваме природните ресурси, за да можеме соодветно да одговориме на сите предизвици што ни претстојат. Тоа, пак, сакаме да го направиме преку зачувување и обновување на шумите, кои се нашиот главен извор на кислород и симбол на животот – изјавија од компанијата, најавувајќи го почетокот на проектот.






Пошумувањето ќе се реализира во ноември, на локација која е во непосредна близина на автопатот Миладиновци-Штип и е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП Национални шуми и Факултетот за шумарство.

Дм како компанија изрази големо задоволство за поддршката од ЈП Национални шуми, како и од Факултетот за шумарство кои несебично ја прифатија поканата за овој проект која влијае во подигнување на свеста за грижата на животната средина.

– Сите нѐ препознаваат како општествено одговорна компанија којашто се грижи за животната средина што за нас е голем мотив да продолжиме подобро и посилно во нашите цели. Вака и започна овој проект. Овој проект е и главната стратешка определба на дм да се грижи за животната средина. Не смееме да го игнорираме фактот дека природата може без нас но ние без неа не. Токму затоа треба да се грижиме за шумите бидејќи тие се извор на кислород а и со тоа извор на живот. Нашите купувачи се нашите партнери токму затоа од 16 август до 30 септември со купување на кој било дм марка производ донирате 1 денар токму за овој проект – изјави Гордана Грумеска, менаџер за набавка во дм дрогерие маркт.


Гордана Грумеска, менаџер за набавка во дм дрогерие маркт

– Шумата е една продавница за кислород, магацин за јаглерод диоксид и филтер за вода. Ова е доволно јасно колку е сериозна акцијата која ја започнува дм. Донацијата од дм е најголемата донација што ЈП Национални шуми некогаш ја добила, станува збор за 1 милион денари и пошумување 10 хектари земја или 100.000 квадратни метри. Ќе бидат засадени 10.000 багреми и 17.000 чемпреси – изјави Валентин Груевски директор на ЈП Национални шуми.

Со донирање средства за нова опрема за ЈП Национални шуми, Дм дрогерие маркт тежнее кон тоа проектот да достигне трајни вредности, кои од година во година ќе се облагородуваат.

Овој проект следствено ја продолжува определбата на компанијата за зачувување на животната средина: проширување на асортиманот со голем број еколошки производи, производи неутрални за животната средина, цврсти производи, како и органски и природни производи, производи со рециклирачки пакувања и без микропластика, проектот „Трајна торба за цел живот“, преку кој купувачите на дм дрогериите од 2015, еднаш купената памучна торба за пазарување, бесплатно можат да ја заменат за нова, при какво било нејзино оштетување, прва компанија која уште во 2019, со самоволна одлука ги повлече од промет пластичните кеси за една употреба.

– Благодарност до корпорацијата дм и иницијативата што ја покажа. Овие хектари не се некој голем број, сепак оваа активност се разликува од сите досегашни и претходни. Едукативниот аспект на кој инсистираше корпорацијата дм, како и следењето на успешност и придонесување со додатни мерки со нега на посадените садници се нешто што досега не беше типично за праксата во Македонија. Се надевам дека овој проект ќе биде иницијална каписла за едно поголемо општествено освестување – изјави  проф. д-р Кирил Сотировски, декан на Факултетот за шумарски науки.

Со започнување на овој проект, Дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди својата позиција како еколошки-одговорна компанија која постојано, преку разни активности вложува во зачувувањето на животната средина, со што влијае на подигнувањето на свеста за грижата за животната средина.

Поврзани содржини