„КУПУВАЈ ДОМАШНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ“ Нова кампања на владата за поголемо земјоделско производство
Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан.
Владата организира кампања „Купувај домашни земјоделски производи“, преку која ќе го стимулира растот на домашната економија и директно ќе влијае да се зголемми потрошувачката на земјоделските производи.
-Целта на оваа кампања на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство – веат од владата.
Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан.
– Со ова не само што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, туку ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата. Наша основна цел е Македонија да ја направиме земјоделски независна држава – велат од владата.