КУПИЛА АВИОБИЛЕТИ ЗА 3.000 ЕВРА ЗА ДУБАИ, НО НЕ ОТПАТУВАЛА, А ПАРИТЕ ПРОПАДНАЛЕ Нови детали од скандалот со поранешната министерка за култура

Пратеникот и  член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков тврди дека поранешната министерка за култура до последен момент не ги откажувала билетите и парите пропаднале.

1,045

Нови детали од скандалот со трошењето државни пари на поранешната министерка за култура Бисера Костадинова Стојческа денска откри пратеникот и  член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Лефков тврди дека Костадинова Стојчевска и кога не патувала трошела државни пари. Така било во 2022 година кога требало со уште двајца други да патува за Дубаи со авион. Билетите биле купени, близу 3.000 евра потрошени, но патувањето не се реализирало.






-Очигледно Бисера Антоанета сакала да стигне и отиде секаде, но времето и било непријател. Годината има 365 дена, а Антоанета сака да ја посети целата планета. Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала. На 05.02.2022 година Антоанета со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499  денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци. Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок- прашува Левков.

Тој направи споредба со непотребно потрошените пари од страна на поранешната министерка и стандардот на граѓаните.

– 3000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се 5 денари – вели Лефков.

Тој исто така праша дали таа имала  чувство на одговорност и грижа на совест?

– По сите скандали што ги направила очигледно не – вели Лефков.

Тој најави дека и утре ќе обелодени детали од други платени и одложени патувања.

 

Поврзани содржини