Купил велосипед од Кина и се вратил со него во Англија (ФОТО)
Џош тргнува во епска четиримесечна авантура од 15.000 километри низ 15 различни земји.
Британецот Џош Рид отсекогаш обожувал велосипедизам и уште од рана возраст се труди да помине што повеќе време на две тркала. Минатата година тој одлучи да нарача нов велосипед директно од кинески производител.
View this post on Instagram
Но, наместо да побара да му го достават во неговиот дом во Велика Британија, тој реши да патува со авион до Кина и сам да се врати со својот нов велосипед, пишува електронското издание „Lonely Planet“.
Џош тргнува во епска четиримесечна авантура од 15.000 километри низ 15 различни земји.
View this post on Instagram
Патувањето започнува во Шангај, каде го добива својот нов велосипед „Giant Revolt“, опремен со карбонска рамка и тубелес гуми, што значително го намалува ризикот од пукање на патот. Ова е важен детал, бидејќи неговото враќање се врши на патишта чија состојба честопати е далеку од совршена.
Џош Рид со себе носи и душек на надувување за да ги направи ноќите малку поудобни, дури и на отворено. Велосипедот, исто така, има вреќи за да ги собере сите работи потребни за долгото патување.
View this post on Instagram
Така, Англичанецот се упати кон запад, преминувајќи низ долини, рамнини и пустини. Тој честопати морал да ја помине ноќта буквално покрај патот, иако во многу случаи локалното население го поканувало да ги посети и му обезбедувале покрив над главата.
Џош за оваа авантура бил инспириран од неговиот татко, новинарот Карлтон Рид, кој помина една година во пустините на Блискиот исток во 80-тите години, возејќи го својот планински велосипед од Израел до Велика Британија.
View this post on Instagram
– Татко ми е луд по велосипедите. Моето прво велосипедско патување беше на 7-годишна возраст, кога заедно отидовме во Луксембург. На враќање од Шангај, тргнав на некои од патиштата што ги поминавме пред 14 години. Дури и се сликав еден од местата каде што бевме тогаш“, вели Џош Рид.
Покрај навигацијата, Џош морал да биде претпазлив и со сите визи и документи потребни за сите земји низ кои минувал. Тој ја користел сателитската навигација на неговиот телефон за да се движи по маршрутата. Од Кина, патува за Киргистан и Таџикистан, возејќи 250 километри долж границата со Авганистан.
View this post on Instagram
Штом стигнал до Европа, изборот на траси значително се зголемува.
– Најважната лекција што ја научив на патот беше да им верувам на странците и да ја прифатам нивната помош. Повеќето луѓе се многу попријателски расположени отколку што мислев, и покрај јазичната бариера. Добив помош и поддршка од толку многу луѓе на патот кои им понудија храна и засолниште. Неколку пати ја поминав ноќта во џамии и во домови на многу семејства. Отпрвин, целиот овој зафат се чинеше преголем, но кога ќе се качите на педалите со секое вртење, сфаќате дека сте поблиску до целта – раскажува Џош.
View this post on Instagram