ВРТИ ГО ПУТИН КАКО САКАШ ЗД-модели од светските политичари станаа хит
Но, моделите на Скечфаб најмалку од сѐ се однесуваат на политиката. Тие обично се користат за видео-игри и се предмети или измислени ликови. Уметниците кои ги прават моделите ги аплоудираат на сајтот за потоа да бидат платени.
Компанијата СкечФаб е најголема во светот која произведува 3Д-модели за Виртуелна и Вештачка Реалност. Со други зборови, овие модели можете потоа да ги внесете во вашата 3Д-анимација или видео во еден од популарните програми: Unity, Unreal Engine, Blender…Потоа ги ставате вашите наочари и оп, се среќавате со Путин, Бајден и Меркел, за цена од 29 до 59 долари.
Но, моделите на Скечфаб најмалку од сѐ се однесуваат на политиката. Тие обично се користат за видео-игри и се предмети или измислени ликови. Уметниците кои ги прават моделите ги аплоудираат на сајтот за потоа да бидат платени. За еден уметник да направи ваков модел, често самиот мора да симне некој 3д-материјал за сето тоа да изгледа хиперреално.
Понекогаш, портрет на некоја личност може да се добие и ако го скенираме неговото вистинско лице(или скулптура, кукла) со 3Д-скенер, нова графометриска техника која им ги поедноставува нештата на многу дизајнери.
Еве ја и Ангела Меркел, најпозната германска канцеларка, за 59 долари. Уметникот потпишан под делото е ТомВег со седиште во Загреб.