Купете го мирисот на вселената за 15 долари

257

Ако некогаш сте се прашувале како мириса вселената, новиот парфем може да ви пружи одговор, пренесува Си-ен-ен.

Според хемичарот Стив Пирс, астронаутите мирисаат како „мешавина од барут, бифтек, малини и рум“.
Парфемот „О’д спејс“ (Eau de Space) е негово дело. Како што објави Си-ен-ен, тој е и основач на проектот на НАСА – „Oмега ингридиентс“ од 2008 година.






Вселенска вода „О’д спејс” ќе биде пуштена преку американската асоцијација Кикстартер од Њујорк, поточно Бруклин. Според нивната интернет-страница, производот ќе биде подготвен за достава до октомври 2020 година и ќе чини 15 долари.

Парфемот е создаден 2008 година, првично за помагање на астронаутите во обуката пред лансирањето во орбитата – да се навикнат на миризбата пред вистински да ја почувствуваат вселената.

Стручњаците со години потоа ја усовршувале аромата. Дел е од програмата на НАСА за отстранување на можните изненадувања за астронаутите во вселената.

Пирс во 2008 година бил ангажиран од НАСА за да создаде мирис на вселената и му биле потребни четири години за да успее во тоа.

 

 

 

Поврзани содржини