КУП АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ ГОРИ ВО БЛИЗИНА НА ТЕТОВО! На загадениот град уште ова му фалеше

Гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми, се очекува целосно гаснење за максимум два часа, соопшти Центарот за управување со кризи.

297

Голем пожар избувна на патот од Желино кон Сиричино во кој горат автомобилски гуми, што создаде густ црн чад кој се забележува низ целиот тетовски регион. Според првичните информации пожарот избувнал околу 12 часот и 30 минути.






– Територијалната противпожарна единица Тетово интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во село Желино кај подвозникот кон село Сиричино (Општина Желино). Гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми, се очекува целосно гаснење за максимум два часа, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според проценките на ЦУК нема опасност пожарот да зафати соседни објекти.

Поврзани содржини