КУП АФЕРИ И СКАНДАЛИ БЕЗ ФИНИШ Главните рекетари сѐ уште се недоприливи

Во изминатите четири години за функционерите од СДСМ за огромни афери и скандали нема судска разрешница иако се поднесени кривични пријави, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

610

На денешната трибина „Корупцијата на СДСМ, столбот на неуспехот на Македонија“. која се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, говореше портпаролот Димче Арсовски. Тој потсети на неколку крупни афери во изминатите четири години на функционери од СДСМ, како случајот „Рекет“, случајите со Ден Дончев, со Лидија Димова, со Драги Рашковски,  кои што немаат никаква судска завршница иако се поднесени кривични пријави.

– Како што знаете, во изминативе четири години, од самиот момент на доаѓање на власт на СДСМ, па сѐ до денес, за  најголемиот дел од аферите кои што ги извадивме нема никаква завршница, со поднесени кривични пријави. Значи, не се тоа афери коишто само се извадени во јавноста, туку и се поднесени кривични пријави. бидејќи сите веруваме дека еден ден Македонија може да биде правна држава којашто навистина ќе ја носи правдата – истакна Арсовски.






Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ спомна неколку крупни афери и скандали на функционери од СДСМ изминативе години, за кои што немаат никаква судска разрешница.

– Би сакал да потсетам на неколку крупни работи. Случајот „Рекет“, вистинските нарачатели, како и главата на рекетот, се уште не се во затвор. Знаеме сите кои се на Илинденска бб, во Владата. Случајот со Ден Дончев исто така, рекет човекот кого што јавно, на социјалните мрежи, го видовме како многу лагодно и комфорно си зема купчиња пари, си ги става во својата торбица, се уште нема никаква разрешница. Напротив, човекот не само што не е тука, не е присутен во правосудните простории на судот, туку според нашите информации веќе и е отселен чинам во Австралија, заедно со фамилијата – нагласи Арсовски.

Тој потсети и на скандалите и аферите за функционерите на СДСМ во изминатите четири години, како случајот со Фондот за иновации и случајот „Драги Рашковски“.

– Фондот за иновации, каде што за четири години се сменија тројца директори, практично кој како доаѓа се повеќе и повеќе краде, се повеќе и повеќе излегуваат афери за случаи каде што се делат по 50.000 евра за пица, која што е далеку позната во светот, оние случаеви на грантови од 11 милиони евра во 2018 година што ги поделија на свои високи функционери од СДСМ, каде што исто така нема разрешница. Pотоа директорката Лидија Димова, која што беше во Nационалната агенција за мобилност и европски фондови, каде што се даваа пари на фризерница за едукативни грантови, се даваа грантови за тренирање магариња, се уште нема никаква разрешница од обвинителството и од судот. Напротив, сега таа бара оштета од институцијата, што е навистина смешно. Случајот со Драги Рашковски, каде што целата јавност ја навредува интелигенцијата со оние изјави дека неговите деца собрале, замислете, 300.000 евра на мекици и за родендени, што е навистина смешно и само ја покажува забеганоста на оваа гарнитура на СДСМ. Сите овие случи се заташкани од страна на власта и има обид да бидат ставени во фиока, за да не го видат лицето на правдата и никогаш никој да не одговара за целиот овој криминал што го имаат правено и се уште го прават, но набрзо ќе биде прекинат по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт – заклучи Арсовски.

За целиот овој криминал којшто го правеле СДСМ, најпозитивната работа е што ќе имаат и добро потковани адвокати, кои можеби нема да им наплатат за нивните услуги кога ќе ги бранат за кривичните дела, бидејќи во изминатиов период навистина добро наплатиле од државните институции по основ на паушали, додаде Арсовски.

– Пратеничката Снежана Калеска-Ванчева, која е и претседател на форумот на жени на СДСМ, е долгогодишен адвокат која е добро позната на јавноста, патем, со тоа реноме можеби и влезе во политиката. Истата таа госпоѓа, која секојдневно говори насекаде дека Македонија треба да почива на столбот на правдата и да биде правна држава, е основач на друштвото „Дeлеге”, каде што има и партнерка. Истото тоа адвокатско друштво, во изминативе две и пол до три години, инкасирало 55.000 евра по основ на паушали од пет државни институции. Петте државни институции се раководени од кадри на СДСМ. МОН, таму беше Мила Царовска во тоа време, потоа таму каде што беше Лидија Димова за европските фондови и мобилност, Агенцијата за странски инвестиции, за енергетика и студентскиот центар каде што беше Дарио Николовски, исто така нивни близок човек до СДСМ. И замислете, еден човек одел на три позиции и си го ангажирал истово друштво. Никој не може да ми каже дека е случајно и дека тука нема никаква ургенција од страна на Калеска-Ванчева – заклучи Арсовски.

 

Поврзани содржини