Куновска: Драг Зоране, убаво би било да научиш да ги почитуваш своите соработници

Однесувањето на Пауновски е највисок морален чин на сочувување на интергитетот и професионалноста на институцијата која ја предводи и која најодговорно, макотрпно се обидува да ја оспособи години наназад, напиша поранешната претседателка на градскиот скопски огранок на СДСМ, Софија Куновска.

6,105

Софија Куновска, поранешната претседателката на градскиот скопски огранок на СДСМ, преку Фејсбук му порача на премиерот Зоран Заев дека функционерите се избрани за да не ги понижуваат граѓаните, а не претпиставените.

Таа напиша дека Стојко Пауновски е човек-храброст и човек-слобода.






„Драг Зоране, функционерите се избрани за да не ги понижуваат граѓаните, а не претпоставените. Стојко е човек-храброст, човек-слобода! Однесувањето на Пауновски е највисок морален чин на сочувување на интергитетот и професионалноста на институцијата која ја предводи и која најодговорно, макотрпно се обидува да ја оспособи години наназад. Убаво би било да научиш да ги почитуваш своите соработници“, напиша Куновска на Фејсбук.

Поврзани содржини