Ако е точно дека се увезуваат 55 милиони литри екстра лесно гориво, а реалните потреби се 5 милиони литри, злоупотребата е еднаква на 50 милиони литри, пишува актерката и поранешна советничка на СДСМ Софија Куновска на својот фејсбук профил.
„Ако пак злоупотребата на екстра лесното гориво носи 11 денари по литар, добивката на некој што злоупотребува е 9 милиони евра годишно.
50 000 000 X 11 = 550 000 000 денари
550 000 000 : 61,5 = 8 943 089 евра
Кој увезува екстра лесно, а кој го продава на домашниот пазар и во колкави количини се открива за 15 минути. Ако се сака“, пишува Куновска.