Куновска: Членството е преполовено, изборот на Заев не е демократизација на СДСМ

Се помалку има луѓе кои веруваат дека има такви кои би се ставиле на располагање на СДСМ заради добрите политики кои ги има СДСМ, впрочем вчера имаше преполовено членство од некогашните 140.000 членови, вели Куновска.

6,031

Софија Куновска, поранешната претседателката на градскиот скопски огранок на СДСМ вечерва во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, во врска со изборот на Зоран Заев за старо-нов претседател на СДСМ и колку таа одлука е демократизација на партијата, изјави дека Заев во 2013 година го одзеде правото на членовите на општинските организации самите да го избираат својот претседател, па потоа не може да се рече дека е демократизација на партијата.

– Би можело ли да се рече дека е демократизација на партијата доколку се работи за човек кој првата работа што ја направи кога дојде во СДСМ во 2013 година го одзеде правото на членовите на општинските организации самите да го избираат својот претседател – вели Куновска.






Според неа, не станува збор за конзистентна одлука на Заев, туку за моментална потреба која отвара голем сомнеж дали навистина е пи- ар решение или вистинска демократизација.

– Факт е дека Заев е неприкосновен во СДСМ и него не може никој да го победи во партијата, но дали е поради брилијантните политики на Зоран Заев, дали е причина начинот на кој се европеизираме, дали е причина начинот на кој се справуваме со корупцијата или е Заев „златниот клуч“ за распределба на функции, вработувања и позиции во власта и во државата – праша Куновска.

Се помалку има луѓе кои веруваат, вели Куновска, дека има такви кои би се ставиле на располагање на СДСМ заради добрите политики кои ги има СДСМ.

– Впрочем, вчера имаше преполовено членство од некогашните 140.000 членови. Дали е логично ако се земе предвид некогашното членство кое броело над 140.000 членови, ако навистина стануваше збор за силни политики и за решеност за справување со сите наталожени проблеми, кога СДСМ ја има целосната власт, а членството да се преполовува – вели Куновска.

Поврзани содржини