Кумот на Жељко Јоксимовиќ и еден од најпознатите српски менаџери, Бане Обрадовиќ заразен со коронавирус
Еден од најпознатите српски естрадни менаџери Бане Обрадовиќ е заразен со коронавирусот и се наоѓа на Клиничкиот центар на Србијa. Неговата состојба во моментов е стабилна.
Сѐ започнало со висока температура, како и силно воспаление на белите дробови, поради што е сместен во одделението на пулмологија, а потоа тестиран и на коронавирусот.
Неговиот среден син се наоѓа на Саем во Белград и се чуствува добро додека го чека дополнителниот тест, а потоа своето лекување најверојатно ќе го продолжи од дома. Најстариот наследник на познатиот менаџер се наоаѓа во својот стан во изолација и ги чека резултатите од тестот.
Сопругата на Обрадовиќ, Јована и нивниот најмал син се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми на ковид-19.
– Бане е во болница и неговата состојба е стабилна. Би сакала да се заблагодарам на медицинскиот персонал на Клиничкиот центар на Србија, Оддел за пулмологија, за нивните напори за на Бане да му биде подобро – рекла Јована Обрадовиќ.
Инаку Бане е менаџер и кум на познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ, а соработува и со многу познати пејачи како што се Ана Бекута, Ацо Пејовиќ, Зорица Брунцлик, „Рибља Чорба“ и многу други.
ФОТО: Принтскрин/Фејсбук