КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИМА НЕОБИЧЕН ПРЕДЛОГ Потребен е мајчински инстинкт кај машините?

Овие суперинтелигентни, грижливи мајки со вештачка интелигенција, повеќето од нив нема да сакаат да се ослободат од своите мајчински инстинкти затоа што не сакаат да умреме, вели Џефри Хинтон, пионерот на невронски мрежи и добитник на Нобелова награда, нарекуван и „кум на вештачката интелигенција“.

678

Да негуваме мајчински инстинкт кај вештачката интелигенција (ВИ) за вистински да се грижи за луѓето, вели кумот на ВИ, Џефри Хинтон на конференција.

Експертот признава дека не е сигурен како тоа може да се направи технички, но нагласи дека е клучно истражувачите да работат на тоа.






– Тоа е единствениот добар исход. Ако не сакаат да ме воспитуваат, ќе ме заменат. Овие суперинтелигентни, грижливи мајки со вештачка интелигенција, повеќето од нив нема да сакаат да се ослободат од своите мајчински инстинкти затоа што не сакаат да умреме.

Пионерот на невронските мрежи и добитник на Нобелова награда, предупредил дека постои 10 до 20% веројатност вештачката интелигенција да ја уништи човечката цивилизација и дека сегашните стратегии за контрола се погрешни, јави Си-Ен-Ен.

– Нема да функционира. Тие ќе бидат многу попаметни од нас. Ќе имаат секакви начини да го заобиколат тоа – изјави Хинтон на конференцијата Ai4 во Лас Вегас.

– Ако се паметни, системите на вештачка интелигенција многу брзо ќе развијат две потцели: да останат живи и да добијат поголема контрола – предупредил тој, додавајќи дека сочувството е клучно за да не станат закана.

Феи-Феи Ли, ко-основач на World Labs, со почит не се согласува со тезата на Хинтон и вели дека не е достоинствено луѓето да бидат деца во рацете на ВИ:

– Наша одговорност е на секое ниво да создаваме и користиме технологија на најодговорен можен начин. И во никој момент не треба да се бара од човек да се откаже од своето достоинство.

Емет Шир, поранешен привремен извршен директор на ОпенАИ, рекол дека обидите за уцена од ВИ системи „се случуваат постојано“ и дека побрзо расте нивната моќ. Тој смета дека подобро е да се гради соработка меѓу луѓето и машините.

Хинтон, кој во 2023 година ја напуштил „Гугл“ за да зборува за опасностите, предвидува дека суперинтелигентна ВИ може да се појави за 5 до 20 години. Иако стравува од ризиците, тој гледа можности за нови лекови и за подобри терапии за рак.

– Не верувам дека ќе живееме вечно. Мислам дека вечниот живот би бил голема грешка. Дали сакате 200-годишни бели луѓе да владеат со светот? – прашал Хинтон на конференцијата.

Поврзани содржини