Гордана Николиќ, анестезиолог во болницата во Куманово која откако заболе од ковид-19 беше хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје, денеска преку Фејсбук соопшти дека добила и втор негативен тест на коронавирус.
„44 дена поминаа од 23 март, до денес. Денес е 05.05….и конечно успеав да се ослободам од вирусот ковид-19. Мора да биле во голем број вирусите, мора да биле лоши , затоа што ми ги нападнаа белите дробови, но за „cреќа” успеав да поминам „само со пневмонија“. Среќа во несреќа , затоа што вирусот е една голема непознаница и за оние кои го истражуваат. Сега ќе можам да излезам слободно да подишам чист воздух , затоа што не може на тераса да се пешачи, а е потребно за комплетно заздравување на белите дробови. Се исклучувам , одам малку во реалноста. Мојата ковид-19 приказна заврши драги мои фб пријатели“, напиша лекарката.