КУМАНОВО И КАВАДАРЦИ ИСПРАТИЈА КАМИОНИ Исчистени повеќе маала и булевари во Центар
Во Центар се целосно исчистени неколку маала - Кале, Пролет, Водно, добар дел од Капиштец, булеварите Водњанска и Климент Охридски, улицата Васил Ѓоргов како и 30-тина сервисно-станбени улици, а операцијата ќе продолжи, соопшти ЗНАМ.
Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, заедно со кандидатот за прв човек на Скопје Орце Ѓорѓиевски, од рано утрово по центарските и скопските улици се во интензивна акција на расчистување купиштата смет што го задушија Центар и главниот град, соопштени ЗНАМ.
Ова е најгорливиот проблем со кој се соочуваат центарци и воопшто скопјани во последните неолку месеци, потенцира партијата. Проблем кој особено ескалираше во последните 2 недели, со опасност да го претвори Скопје во жариште на опасни заразни болести кои може да предизвикаат далекусежни последици по здравјето на граѓаните.
„Со логистичка поддршка во вид на механизација за чистење добиена од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, неговиот колега од Кавадарци, Митко Јанчев, како и од неколку помали општини од скопскиот регион, Лабудовиќ и Ѓорѓиевски уште од 7 часот изутрина, празнично ги „светнаа“ поголемиот дел од улиците кои беа грдото наличје во централното градско подрачје. Ѓорѓиевски, како актуелен градоначалник на Кисела Вода го направи тоа и во својата општина“, соопшти ЗНАМ.
Во Центар се целосно исчистени неколку маала – Кале, Пролет, Водно, добар дел од Капиштец, булеварите Водњанска и Климент Охридски, улицата Васил Ѓоргов како и 30-тина сервисно-станбени улици, се наведува во соопштението.
„Чистењето денеска продолжува и во Маџир Маало. Исчистени се повеќе мини депонии од кои досега се подигнати десетици тони смет. Операцијата за чист Центар и чисто Скопје продолжува интензивно и во наредните неколку дена до конечно нормализирање на состојбите, а пред завршувањето на вториот круг на локалните избори. Центар и Скопје се сакаат со дела – не само со зборови“, соопшти ЗНАМ.