КУМАНОВО ЌЕ БИДЕ ЕВРОПСКИ ГРАД НА СПОРТОТ Димитриевски најавува инвестиции во спортски објекти

Носителката на листа за советници Ивана Ѓорѓиевска истакна дека продолжуваат и вложувањата во училишниот спорт.

295

Вложувањата во спортот продолжуваат и понатаму, затоа што Куманово било, моментално е и ќе биде спортски град, изјави независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски

-Во 2019-та година бевме Европски град на спортот. Продолжуваме заедно за наше Куманово со нови капитални инвестиции во спортските објекти, затоа што секое училиште заслужува да има современо спортско игралиште и свое детско катче. Одиме со реконструкција на поранешните спортски терени во поранешен Дом на АРМ, заедно за наше Куманово – рече Димитриевски.






Носителката на листа за советници Ивана Ѓорѓиевска истакна дека продолжуваат и вложувањата во училишниот спорт.

-Како дел од приоритетните проекти кои треба да се имплементираат по победата на локалните избори во секторот спорт се: зголемување на инвестициите во училишниот спорт за новите спортски
генерации, секое маало ќе добие детско катче за забава и рекреација на најмалите, нови отворени фитнес зони на повеќе локации, продолжуваме со реконструкција на спортска сала, продолжуваме со реконструкција на комплексот Соколана, ќе го реконструираме градскиот стадион – рече Ѓорѓиевска.

Поврзани содржини