Општинскиот кризен штаб Куманово ги повика граѓаните да ги добиваат информациите од штабот, аптеките да воведат дежурства, а згрозените семејства да побараат асистенција за набавка на неопходни продукти.
„Апел до граѓаните при појава на какви било симптоми, кои можат да укажат на инфекција со коронавирусот веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар“, се наведува во известувањето од штабот.
Општинскиот штаб за заштита и спасување досега има информација дека дежурна аптека во градот е „Провиталис“ (031 415 303), а дежурен телефон на Општинскиот птабе 078 365 061. Штабот апелира и до другите аптеки во градот да воведат ваква услуга за дежурства и да ја почитуваат одлуката за Комисија за здравство и Владата, и за тоа да го известат штабот.
Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и друго.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192 .
„Бараме од Владата под итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и продавници кои ќе вршат телефонска и он лајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса во деновите кога трае целодневниот полициски час“, се наедува во соопштението на штабот.