Кумановка заразена со коронавирус се породила на Клиниката за гинекологија
Родилка од Куманово на возраст од 27 години, која синоќа се породила на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство - Скопје со царски рез, е позицитивна на корона вирус, покажал резултатот од тестот кој бил готов денеска попладнево, дознаваме од извори на клиниката.
Родилка од Куманово на возраст од 27 години, која синоќа се породила на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје со царски рез, е позитивна на коронавирус, покажал резултатот од тестот кој бил готов денеска попладнево, дознаваме од извори на клиниката.
Таа немала позитивна епидемиолошка анкета, ниту пак имала покачена температура.
Царскиот рез на родилката е правен според сите нови протоколи на Клиниката во време од закана за ширење на ковид 19 и персоналот бил целосно заштитен, велат извори од ГАК.
Бебето на родилката кое е предвремено породено е во стабилна состојба. Тоа се наоѓа на одделот за интензивна нега за недоносени деца, изолирано е и е во стабилна состојба.
Родилката на Клиниката за гинекологија се наоѓала во одделот за изолација и вечерва треба да биде префрлена на Клиниката за инфективни болести.