Кумановка се полакомила за државен паричен надоместок, па била измамена со 810 евра
Четириесет и осумгодишната кумановка измамата ја пријавила вчера во полиција.
Кумановка пријавила во полицијата дека била измамена, платила 810 евра на скопјанец кој ѝ се понудил да ѝ обезбеди наводен паричен надоместок од државата, соопшти денеска, СВР Куманово. 48 годишната жена вчера го пријавила случајот во кумановската полиција.
Како што соопшти СВР Куманово, на крајот на април 2021 година скопјанецот и се јавил и ѝ понудил да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од државата за временски период колку има работено претходно. Откако се договориле, во два наврата му ги предала парите, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена.