КУМАНОВКА НА „ПОЛИЦАЕЦ“ МУ ДАЛА 30.000 ЕВРА Ја излажал дека нејзината ќерка прегазила дете мигрант

437

65- годишна жена од Куманово вчера во полиција пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати за да не одговара кривично.






„Таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена“, информираат од МВР.

Поврзани содржини