Кумановец побегнал од затвор, па фатен да ја одлежи казната
Од МВР велат дека била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осудено за сторено кривично дело по член 418 и по член 131 од Кривичниот законик.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден е приведено лице од Куманово кое се барало со потерница за доизвдржување на затворска казна.
– На 15.10.2020 во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.З.(26) од Куманово за доиздржување казна затвор од две години и 11 месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово – стои во соопштението од МВР.
Оттаму велат дека била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осудено за сторено кривично дело по член 418 и по член 131 од Кривичниот законик.