Во СВР Куманово од кумановската Итната медицинска помош вчера било пријавено дека во Куманово, на ул.„Мирче Ацев“, бил пронајден починат А.Г.(74). Според пријавеното, мажот паднал од скала.
– Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, при што било констатирано дека околу 12.15 часот, А.Г. се качил на дрвена скала, висока околу два метра, потпрена на бетонска бандера за да работи на објект. Скалата се излизгала, а тој паднал пред влезот од гаражата и починал. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството – велат од МВР.