Кумановец организирал семејна веселба, па се распукал со оружје

362

На 26.12.2020 во СВР Куманово било пријавено дека В.Б. (25) во својата семејна куќа во с. Лопате, кумановско, организирал семејна веселба и пукал со оружје, соопшти МВР.

„Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури. Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравстеви прописи за време на епидемија по член 206 и „предизвикување општа опасност по чл. 288 од КЗ, по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава“, се вели во билтенот на МВР.

Поврзани содржини