КУМАНОВЕЦ НУДЕЛ ПАРИ ЗА ДА СЕ ИЗВРШИ УБИСТВО Полицијата го уапси осомничениот, се чека на притвор

Како што соопштија од МВР, во периодот од април до август 2021 година, Д.Ф., во врска со сообраќајна незгода која се случила во 2020 година, поттикнувал лица за парична награда да извршат убиство над неколку лица.

838

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска го лишија од слобода Д.Ф.(57) од Куманово и до Основното јавно обвинителство Куманово е поднесена кривична пријава против него, за сторено кривично дело „поттикнување на кривично дело убиство“ по чл.123 став 3 а в.в со член 23 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од МВР, во периодот од април до август 2021 година, Д.Ф., во врска со сообраќајна незгода која се случила во 2020 година, поттикнувал лица за парична награда да извршат убиство над неколку лица.






– Во наведениот период пријавениот во повеќе наврати на лицата кои ги поттикнувал да го извршат кривичното дело „убиство“ им се заканувал со огнено оружје со цел да го извршат кривичното дело – се наведува во соопштението.

Од МВР информираат дека Д.Ф. во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.

Поврзани содржини