КУМАНОВЕЦ НАПАДНАТ ВО СИТИ МОЛ Два инциденти во скопските трговски центри
Поради претходно недоразбирање, 24-годишниот И.М. од Куманово, во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од неколку лица, од кои едното имало остар предмет, но не го употребил.
Во текот на вчерашниот ден во полиција се пријавени дав инциденти во скопските трговски центри. Во Сити мол 24-годишник од Куманово бил физички нападнат од неколку лица од кои едно имало и остар предмет. Во вториот инцидент во трговски центар на подрачјето на Центар, кочанчанец се здобил со тешки повреди при извршување на работни задачи и пренесен е на лекување во скопскиот Клинички центар.
„На 22.03.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Л.А. од Кочани. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во трговски центар на подрачје на Центар во Скопје.
На 22.03.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје, поради претходно недоразбирање, И.М(24) од Куманово бил физички нападнат од неколку лица, од кои едното имало остар предмет, но не го употребил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – известуваат од МВР.