Културен центар Адолф Хитлер и пријателите
Овој пат со отворањето на центарот кој го носи името на нацистички соработник, кој немал јајца да направи држава кога Германците му понудија, затоа што знаел дека нема поддршка во народот. Истиот кој живеел на сметка на неговиот пријател Анте Павелиќ во НДХ, монструозна творба која преку етничко чистење во смрт однесе стотици илјади Срби, Роми, Муслимани…
Дали фашизмот е жив? Не само што е жив, туку и поведува. А ќе има и победнички коктел, во Битола.
Место: културен центар на нацистичкиот соработник “Ванчо Михајлов” – Битола.
Време: налудничаво. Гости: бугарскиот премиер, бугарски министри, припејд бугари од Македонија.
Музика: реквием за Македонија. Втор пат битолските Евреи се убиени од страна на бугарските фашисти.
Овој пат со отворањето на центарот кој го носи името на нацистички соработник, кој немал јајца да направи држава кога Германците му понудија, затоа што знаел дека нема поддршка во народот. Истиот кој живеел на сметка на неговиот пријател Анте Павелиќ во НДХ, монструозна творба која преку етничко чистење во смрт однесе стотици илјади Срби, Роми, Муслимани…
Човекот кој другаруваше со Мусолини, кој заврши обесен на бензинска пумпа, човекот кој беше до Хитлер. И преживеа, доживеа старост, затоа што такви лигави ликови можат да се само на маргините и буништето на историјата. А некој копа на буништето и од таму ги вади најгнасните фусноти, кои ако се споменуваат треба да се примери како не треба.
Кои животни копаат по буниште не прејудицирам. Да не се налутат нашите браќа од Бугарија. За тоа време нашата влада молчи. Молчи опозицијата исто таја. Молчиме и ние. Во молк, со пенкало се отпишавме. И ние и гробовите на Гоце, Даме, Јане, Питу, партизаните и Илинденците. Залудни жртви дадоа за еден ден да нè снема во апатија и молк.