Културата се гради и од „последното” село, како што се разградува и од „првото” министерство!?

1,203

Мештаните од историското, охридско село, Црвена Вода (сега во општина Дебрца), со години „исправуваат криви Дрини!”, со намера, барем малку, да го надоместат сето она што државата и нејзините институции беше го заборавиле.

Не може, велат, на нашиот соселанец, Ванчо Николески – таткото на македонската литература за деца, Охрид и државата, да му се „оддолжат со тоа што ќе именуваат една улица од стотина метри, со два стамбени објекти!?






Не може, велат, да не се знае која му е родната куќа? Уште и место, каде почнала просветата и образованието во македонската држава, после 1945 година. Ако не може, или не сака државата, тогаш самите ќе го поставиме обележјето. И го поставија.

Не може, велат, во редовната училишна зграда, каде Ванчо учителствувал во неговото родно село, да нема „Спомен соба за чичко Ванчо”! Ако нема, ако државата не сака, сами ќе ја направиме. И ја направија.

Мештаните направија и посебно Здружение за литература и култура, те му го наденија името МАЦКОВО, по една од трите мали населби, раштркани по ридиштата на славен Караорман, токму на онаа од каде дошле потомците на чичко Ванчо.

Мештаните, пред три години, свија табак, те од Министерството за култура, како и од општините Охрид и Дебрца, побараа финасиска припомош да ја истуркаат намерата, во македонската култура и литература, на едно од извориштата, да „вденат игла за нова институција: „Балкански Детско – младински поетски Камп: „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”.

Речено-сторено, помошта ја добија, работата им тргна, демек:„прво, те машко. Уште на самиот старт, во 2019 година, меѓу другите, полезната намера, им ја препозна и самиот претседател на државата, нивниот омилен Стево Пендароски. Бичим покровител, им испрати Послание, на кои се многу поносни.

По друг повод, им дојде и на гости на селаните, со прашањето: „дали е возможно, овде, на извориштето на македонската државност, на сите нејзини белези, претходно да не стапнал никој од „човеците кои ја „обнашаат позицијата – Претседател!?

Се е можно, Претседателе! Сега, ќе видете!

Полезноста, уште на стартот, освен на Водно и по Балканите, беше препозната и многу пошироко. Прифати, покровител да им биде генералниот секретар на Светската академија на поезијата, при УНЕСКО, segnora д-р Лаура Троиси, лично. Секоја година им испраќа посланија, лани, Охрид и Црвена Вода, ги стави на својата агенда.

Малку се „потскина тапанот!” за селаните. Бувна пандемијата, згаснаа авио летовите Милано-Охрид, а, таман, општината Дебрца прифати да ги покрие трошоците за патот, а општината Охрид-трошоците за сместувањето.

Нејсе, ако Господ даде, а Филипче – придодаде, ќе дојде оваа година, со намера да побара официјална согласност, „малката манифестација од Црвена Вода, да ја стави – умрежи, во големото друштво на европските поетиски фестивали и кампови за млади литерати.

Но, не „лези враже!”. ЃAВОЛОТ НЕ СПИЕ ПО ПЕШТЕРИТЕ, ТУКУ ПО МАНАСТИТИТЕ И ВЛАДИНИТЕ ОДАИ!!!

После две успешни изданија и преобилна медиска застапеност во Македонија (минатото лето и со директни преноси на Ју-Тјуб ,поради панедмијата), потоа по Балканот (белградските новински агенции Фонет, Tанјуг и БЕТА) – СТУДЕН ТУШ, за црвеновочани, собрани околу здружението МАЦКОВО, токму од „црквата во која се крстеја – Министерството за култура!

Во Комисијата за литература и издавачка дејност, беше ти впловила извесна откачена Санта мраз, море цел глечер, кој беше го збришал проектот за Балканскиот поетски камп за млади, со името на чичко Ванчо Николески. Неговиот колега, нобелоецот Иво Андриќ, во „Проклета авлија, опишува како конзулицата во босански Травник, виенчанката Митерер, толку ја погодува индиферентноста на новодојдениот стасит и личен конзул, Фон Паулиќ, те го прекрстува во – Глечер!?

Нејсе, во Извештајот на Комисијата за литература и издавачка дејност, доставен до Министерката, напишале, цитирам:„проектот освои помалку од 51 бод, поради што истиот се одбива „при- бидејќи МАНИФЕСТАЦИЈАТА НЕМА ДОЛГОГОДИШНА ТРАДИЦИЈА И НЕ Е ПРИЛАГОДЕН ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА”!Циц!!!

Малку напишано по турско-ресенски (нели, „манифестацијаоди кон женскиот род, освен, ако, кај „комисионерките – не се побркани родовите!), ама, да не влегуваме во детали. Прашањето е што е тоа „долгогодишна традиција? И колкугодшна треба да биде таа? Манифестацијата оваа година ќе се одржи по трет пат, со или без помошта на Министерството за култура. Но што сакал да каже писателот, кога манифестацијата и како почетна била подржана финасиски од Министерството за култура.

Всушност, прашањето е, во чие им, Сантата – Глечерот, Протежираната, збриша еден проект? Авторот на овие редови, навистина, напиша дека во домот на Протежето (Илинденско) влегоа 300.000 „кикирки (дојч-марки, или еуриња-сеедно), за муралите во Спомен домот на АСНОМ во Пелинце, ама тоа не го напишаа мештаните од Црвена Вода!

Кампот, финасиски е поддржан од неколку општини: Охрид, Вевчани и Дебрца. Во друга форма и од Струшките вечери на поезијата, втора година ( пандемиски!) по ред, учесниците имаат официјален прием од страна на директорот на СВП, Тодорче Тасевски. Манифестацијата е регионална, национална и интернационална, а еден од критериумите на Министерството е – партнерство во обезбедувањето на средствата.

Образложението дека проектот „не е прилагоден за реализација во услови на пандемијаама, ептен, не држи вода, бидејќи ланската манифестација, веќе беше одржана во услови на пандемијa: свечено отворање со директен пренос на Интернет, вклучување на учесниците преку Интернет (оние што не обезбедија ПСР-тест), како и посета, односно прием, во мали групи, од страна на градоначаниците: Константин Георгиески на Охрид, Сашо Јанкоски на Вевчани и Зоран Ногачески на општина Дебрца.

За сето ова Комисијата, пред себе, имаше материјални потврди, што не ги испочитува. Дури и линкот од директниот пренос на Интернет од свечено отворање (Голема сала општина Охрид). Ги имае линкот до снимена порака на Бугарката Станислава Каменова (https://www.facebook.com/messenger_media?thread_id=100001994813238&attachment_id=615758462461012&message_id=mid.%24cAABa87tlk4t6WonYVF0KUTKoRYty), со нејзините песни, како и песните (и биографиите) на Евита Бојковац (БиХ – Република Српска) и на Ангела Тот ( Војводина – Србија).

Бугарскиот учесник, беше обезбеден преку нашиот КИЦ во Софија, на предлог на секретарот Сојузот на писателите на Бугарија, додека на свеченото ( Интернет- „пандемиско!) отворање допатува и професорот д-р Сашко Насев, директор на КИЦ.

Ентузијастите од МАЦКОВО, наивни, во прилог на Проектот, испратија:Поздравни писмо на претседателот Стево Пендаровски, Послание од Д-р Лаура Троиси, генерален секретар на Светската академија на поезијата при УНЕСКО (на италијански и на македонски)), Послание од академик Божин Павловски од Мелбурн, Австралија, Брошура за Ванчо Николески, работена заедно со учениците од училиштето со неговото име во село Лескоец.

Исто така, испратија Избор медиумски објави, од кои може јасно да се види дека средствата од Министерството за култура и од другите помагатели, не се фрлени во бунар, туку се искористени рационално и плодотворно. Во сите медиски извештати се фали, се наведува дека манифестацијата се одржува со поддршка на Министерството за култура, со што, директно придонесуваво неговата афирмација пред домашната и мегународната јавност.

И, пак, ништо! Е, нема правда, Калимеро!

 

Поврзани содржини