КУЛТУРАТА НЕ Е НАСТАН, ТУКУ ОБВРСКА Ана и Игор Дурловски одбележаа 25 години уметничка дејност
Два концерти, две вечери исполнети со многу емоции и љубов. Зад нив стои збир на многу луѓе и структури што веруваат дека културата не е настан, туку обврска, институционална поддршка, искрено партнерство, медиумска грижа и пријателска посветеност, напиша Игор Дурловски на Фејсбук.
Оперскиот пејач Игор Дурловски, по повод двата концерти на Ана и Игор Дурловски одржани вчера и завчера на сцената на Македонската опера и балет со симфонискиот оркестар „Ајга“, под диригентство на Ана Спасовска, истакна дека музиката е најискрениот јазик кога зборовите се недоволни.
„Два концерти, две вечери исполнети со многу емоции и љубов. Зад нив стои збир на многу луѓе и структури што веруваат дека културата не е настан, туку обврска, институционална поддршка, искрено партнерство, медиумска грижа и пријателска посветеност“, напиша Дурловски на Фексбук.
Тој наведе дека кога уметноста успева, тоа никогаш не е дело на неколкумина.
„Имавме колеги на сцена што професијата ја претворија во заедничка одговорност свесни дека музиката е најискрениот јазик кога зборовите се недоволни. Имиња не наведувам од почит кон фактот дека кога уметноста успева, тоа никогаш не е дело на неколкумина. Ви благодариме“, додаде Дурловски на Фејсбук.
Познатата оперска двојка изведе избор љубовни песни од македонската музичка традиција, во нови аранжмани кои за оваа пригода ги направи композиторот Сони Петровски.
Со двата концерта Ана и Игор Дурловски одбележаа 25 години уметничка дејност.