„Култура во време на корона“ по вторпат во Скопје

1,623

Град Скопје повторно ја прави културата достапна во секој дом. Во наредните три дена, проектот „Култура во време на корона“ ќе се репризира за време на полицискиот час во Скопје, соопшти Град Скопје.

Граѓаните ќе имаат можност секој час во текот на петок, сабота и недела, да уживаат во изведбите на различни уметници од независната културна сцена што беа дел од проектот „Култура во време на корона“. За време на полициски час, почнувајќи од денес, програмата ќе понуди разновидна програма – концерти на класична, поп, рок, алтернативна и електронска музика.






Настапите ќе се емитуваат на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје – https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_r

 

Поврзани содржини