📽️ КУЛТНИОТ РЕЖИСЕР ПОБАРА ЕУ ДА ГИ ПРЕКИНЕ ОДНОСИТЕ СО ИЗРАЕЛ За Алмодовар нападите во Газа се геноцид

Во видео порака објавена на Инстаграм профилот на неговата продукциска куќа „Ел Десео“, Алмодовар изјави: „Јас сум Педро Алмодовар, филмски автор, и ја повикувам нашата влада да ги прекине дипломатските, трговските и сите други односи со Државата Израел како знак на гнев и одвратување од геноцидот што го спроведува врз народот на Газа пред очите на целиот свет“.

145

Познатиот шпански режисер Педро Алмодовар денеска ја повика владата во Мадрид да ги прекине сите дипломатски и трговски односи со Израел поради, како што рече, „геноцидот во Појасот Газа“.

Во видео порака објавена на Инстаграм профилот на неговата продукциска куќа „Ел Десео“, Алмодовар изјави: „Јас сум Педро Алмодовар, филмски автор, и ја повикувам нашата влада да ги прекине дипломатските, трговските и сите други односи со Државата Израел како знак на гнев и одвратување од геноцидот што го спроведува врз народот на Газа пред очите на целиот свет“.






Облечен во сина поло маица, 70-годишниот режисер побара од премиерот Педро Санчез „да се обиде да ги убеди сите европски сојузници да направат исто и да се обединат во ова отфрлање“.

Поврзани содржини