КУЛТНИОТ ФИЛМ СО РИЧАРД ГИР ЌЕ ДОБИЕ РИМЕЈК Познато и кој ќе го замени славниот актер

Култната драма „Офицер и џентлмен“ (An Officer and a Gentleman) во која главната улога ја толкува Ричард Гир, наскоро ќе добие римејк.

390

Култната драма „Офицер и џентлмен“ (An Officer and a Gentleman) во која главната улога ја толкува Ричард Гир, наскоро ќе добие римејк.

Како што наведува „Вариети“, студиото „Парамаунт“ работи на римејк на филмот од 1982 година, а главната улога ќе ја добие Мајлс Телер. Меѓутоа, сè уште не се знае кој ќе ја добие главната женска улога, која претходно ја играше Дебра Вингер.






Претстојниот римејк на „Парамаунт“ ќе го продуцира „Темпл хил“со финално нацрт-сценарио напишано од Дејна Фокс, а чиј оригинал го напишал Мет Џонсон.

Приказната на филмот го следи Зак Мејо, млад човек кој запишува воено училиште кое обучува пилоти за поморска авијација. Поради својот карактер, тој често доаѓа во конфликт со своите претпоставени, особено со наредникот Емил Фоли (Луис Госет помладиот). Меѓутоа, ситуацијата се менува откако Зак ја запознава Пола, девојка која работи во фабрика која сонува да замине од дома.

Инаку, филмот постигна голем успех на киноблагајните и доби шест номинации за Оскар. Тој на крајот освои два, за најдобра песна и најдобра споредна машка улога. Интересно е што Оскарот за најдобра споредна машка улога го доби Луис Госет помладиот и со тоа стана првиот Афроамериканец кој ја освоил оваа награда.

Поврзани содржини