КУЛТ КОН РАКИЈАТА: ЗА АРНО, ЗА УБАВО, АМА И ЗА ДУША Алкохол се пие на свадби, на крштевки, погреби и помени
Во нашата традиција ракија се пие секогаш и во секоја пригода, и за арно и за лошо, и за иљач, и за радост, и од мака
Ако сте љубител на овој чудесен пијалак од неодамна или барем од некој „понов датум“, веројатно не ви е многу јасно која е разликата помеѓу белата и жолтата ракија, која е со добар, а која со лош квалитет, каков е вкусот на домашната, а каков на индустриската ракија, која е појака, а која послаба, и слично. А зошто да го дознаете тоа на најлошиот можен начин, кога утрото потоа главата ќе ви биде тешка како камен? Веројатно не сте имале можност да присуствувате на процесот на правење ракија кој можеби и не е многу забавен во поглед на работата, но е вистинско доживување седењето околу казанот со чашка од ланската ракија, мезе и муабет и чекањето да потечат првите капки.
Ако веќе сакате да наздравувате со ракија барем понекогаш, не е лошо да си ја расветлите мистеријата и да ја дознаете тајната за правењето на најстариот природен лек на овие простори.
Една-две чашки, колку за лек и за атер
Откако знам за себе, во моето потесно и пошироко семејство се негуваше култот кон алкохолот. Паметам дека дедо ми си правеше попара со вино и чај од камилица, прилично чудна мешавина, но бидејќи од љубопитност сепак ја пробав, сфатив дека и не е така лоша, а дедо ми беше мудар човек и никогаш, ама баш никогаш, го немав видено опиен. За него виното беше храна, а чашка варена ракија, лек и начин да се стопли однатре во студените скопски зими.
Целиот текст побарајте го на порталот „АРТ КУЈНА“.