„КУКЛО ПУТИНОВА, ТЕ ДАДОА ЛИ НА КУЧИЊАТА?“ Вучиќ доби порака од познатите хакери „Анонимус“

1,274

Српскиот претседател Александар Вучиќ доби нова порака од хакери на социјалната мрежа Твитер. Се работи за светски познатата група „Анонимус“, а крајот на пораката гласеше: „Еј, Путинова кукло, каде си? Те дадоа ли веќе на кучињата?“.

Изразот „те дадоа на кучињата“ во англискиот јазик обично се користи кога некој човек е избркан во егзил.

 






Пред две недели групата му се закани на претседателот во двеминутно видео во кое велат дека „Србија не ги слуша меѓународните институции“ и дека „користи репресија за да ги постигне своите цели“.

 

Плусинфо веќе пишуваше за неодамнешни закани кон Вучиќ, но и за една слична случка кога американската амбасада во Србија на Твитер, намерно или ненамерно лајкна твит на српскиот претседател.

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ПО ГРЕШКА ГО ЛАЈКНА ТВИТОТ НА ВУЧИЌ? Некој си поигрува со профилите во Србија, а на претседателот му напишале пораки

 

 

 

Поврзани содржини