КУФЕР КО КУФЕР, АМА НЕ ПРАЗЕН Палчо си донел плазма телевизор од Турција за да му се најде во притвор во Македонија

Лични работи имаше и некои валути во евра и во турски лири. Направен е записник - вели директорот на затворот „Скопје“, кој посочи дека тоа е стандардна процедура за секој притвореник.

1,253

Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е веќе сместен во затворот во Шутка.

При неговото пристигнување од Турција во Македонија, тој со себе донел и еден куфер.

Директорот на затворот Филип Андов, открил што имало во куферот.

– Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, имаше плазма телевизор, од Турција му бил, за притвор, но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волти, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој – вели Филип Андов за КОД.

Во куферот имало и банкноти во евра и турски лири.

– Лични работи имаше и некои валути во евра и во турски лири. Направен е записник – вели директорот кој посочи дека тоа е стандардна процедура за секој притвореник.

Поврзани содржини