КУФЕР КАКО КУФЕР! Наместо бомба, полицијата пронашла само облека

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) во изјава за Плусинфо потврдија дека се работело за куфер полн со облека, кој некоја повозрасна жена го заборавила кај банкоматот.

402

Куфер оставен покрај банкомат во кругот на Меѓународната автобуска станица-Транспортен центар во Скопје денеска ја крена полицијата на нозе, бидејќи постоела претпоставка оти во куферот би можело да има експлозивна направа.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) во изјава за Плусинфо потврдија дека се работело за куфер полн со облека, кој некоја повозрасна жена го заборавила кај банкоматот.






– Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните – велат од МВР.

Како што и претходно објавивме, повикувајќи се на извори од ЈП „Македонски железници – Транспорт“, целиот објект денеска бил евакуиран и сите вработени во железничката станица и во автобуската станица биле принудени да го напуштат објектот додека специјалните полициски единици за спречување тероризам си ја вршат својата работа.

Поврзани содржини