КУЧКАТА ЦЕЦА ЅВЕЗДА НА ДЕНОТ Во тек е кампања против неказнивоста, ќе ја заштити ли Анима Мунди?
Зошто сите учесници во настанот во затворот во Штип се кажани со иницијали, а само Цеца со нејзиното вистинско име, кое, патем, потсетува на името на познатата српска турбофолк ѕвезда? Не е ли тоа повреда на начелото на презумпција на невиноста?
Кучката Цеца од затворот во Штип стана ѕвезда на социјалните мрежи, откако директорот на Управата за санкции, Александар Пандов, на прес-конференција кажа дека била злоупотребена во потрага по изгубена дрога или изгубе часовник.
Пандов соопшти дека поднел кривични пријави против неколку затворски полицајци од затворот во Штип, оти во февруари дозволиле непознат автомобил да влезе преку една од капиите и преку ѕидот да фрли кокаин и марихуана спакувани во топка, а потоа затворски полицајци заедно со затвореници ја барале топката во тревникот.
Настанот се случил на 20 февруари во 21.40 часот, па откако во мракот не ја нашле дрогата, затворските полицајци и затворениците следниот ден се правдале дека барале изгубен часовник. Во што им помагала и Цеца…
По оваа комична информација, на Фејсбук и на другите социјални мрежи се појавија зајадливи коментари.
Некои бараат за настанот да реагира Анима Мунди, во заштита на Цеца, која би можела да биде казнета за кражба на скапиот часовник, во рамки на кампањата против неказнивоста.
Други прашуваат зошто сите учесници во настанот се кажани со иницијали, а само Цеца со нејзиното вистинско име, кое, патем, потсетува на името на познатата српска турбофолк ѕвезда. Не е ли тоа повреда на начелото на презумпција на невиноста?
Богдан Илиевски поставува сериозна политичка дилема: „Среќа што кучката се вика Цеца, да се викаше Ѓергана ќе требаше многу да објаснуваме“.
Инфлуенсерот Иљче Затаркоски има криминалистичко решение на загатката: „Ако кучката Цеца ја голтнала топката со кокаин мислам дека се одзиват на Аца!“
Иљче напиша и стихови за случајот:
Ражнатовиќ Цеца Пред вратима, спавала ко пас!
Кучката Цеца Пред портима, трагала ко пас!