Кучињата на Бајден пристигнаа во Белата куќа, a eдно од нив влезе во историјата (ВИДЕО)

Овие кучиња веќе имаат многу обожаватели, а нивниот официјален профил на „Твитер“ има десетици илјади следбеници.

931

Кучињата на претседателот на САД, Џо Бајден, пристигнаа во Белата куќа и со тоа ја обновија долгата традиција на живеењето на домашни миленици во оваа можеби најважната „куќа“ на светот. Доналд Трамп беше првиот претседател во повеќе од 100 години кој немаше милениче.

фото: WHITE HOUSE / ADAM SCHULTZ





Бајден има два германски овчари, Чемп и Мејџор, и тие им се придружија на претседателот и првата дама за време на викендот за време на преселбата во Белата куќа, пишува „ВВС“.

Овие кучиња веќе имаат многу обожаватели, а нивниот официјален профил на „Твитер“ има десетици илјади следбеници.

– Чемп ужива во својот нов кревет покрај каминот, а Мејџор обожава да трча по јужниот тревник – се вели во соопштението од Белата куќа.

фото: WHITE HOUSE / ADAM SCHULTZ

Мејџор инаку ќе биде запишан во историјата како прво куче кое е спасено од азил, а кое заврши во Белата куќа.

 

Поврзани содржини