МИГРАНТИ ВО КАМИОН – На 11.08.2020 во 08.50 часот од полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски споменик, Демир Капија, било сопрено патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, а веднаш по него и товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки. Возачот на товарното возило, А.М.(37) од Липково се дал во бегство, но по кратко бил пронајден. Во товарното возило биле пронајдени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија. Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Известен бил Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.
МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 11.08.2020 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ го лишиле од слобода Н.А.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марухуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ЗГУЖВАНИ МИГРАНТИ – На 11.08.2020 во 19.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот било пријавено дека на место викано „Врело“ во с.Ваксинце, Липково, било затекнато товарно возило „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое се дало во бегство, а во возилото биле пронајдени 45 лица мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и Палестина. Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ – На 11.08.2020 во 08.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Мајка Тереза“ и улиците „Тодор Александров“, „Белградска и „Ацо Караманов“, патничко возило „пежо 207“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(46) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Х.М.(44) од Скопје. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
ВОЗ УДРИ АВТОМОБИЛ – На 12.08.2020 во 00.45 часот било пријавено дека на Железничката станица Табановце и Железничката станица Куманово, на патен премин кај с.Лопате, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(47) од с.Оризаре, Липково. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
КУЧИЊАТА КАСААТ – На 11.08.2020 во 22.30 часот во Полициската станица Гази Баба Д.К.(35) од Скопје пријавил дека во нас.Ќерамидница, покрај кејот на р.Вардар, бил каснат од куче скитник.
СУДАР НА ДВА МОТОЦИКЛИ – На 11.08.2020 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Кадино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Јурумлери, скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје. На местото на незгодата дд лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист е констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
КАСНАТА ОД КУЧЕ – На 11.08.2020 во 14.05 часот во Полициската станица Центар В.М.(50) од Скопје пријавила дека на кеј „13 Ноември“ била касната од куче скитник.
ПАЈАК ЗБИРА – Во текот на 11.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се четири возила бидејќи биле нерегистрирани, четири возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, осум возачи затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената, еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло и 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
(Дел од Билтенот на МВР од 12.08.2020 година)