КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
Според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, детето било нападнато од кучиња скитници, соопшти полицијата.
Страшен настан се случил вчера во Битола, кучиња скитници нападнале двегодишнно дете и тешко го повредиле!
„На 6.2.2026 година во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола. Според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, детето било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје на понатамошно лекување“, соопшти полицијата.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.