КУЧЕТО НА ЛУКАШЕНКО ИМА ПОВЕЌЕ ПРАВА ОД БЕЛОРУСИТЕ Зеленски се измајтапи со соседот, ги пофали Полска и Литванија

Украинскиот лидер смета дека Белорусија имала можност да го промени тоа, осврнувајќи се на мирните протести во 2020 година, но дека „во тоа време, поддршката за Белорусите едноставно не била доволна“. Тој вели дека со тек на време зависноста на Минск од Москва се зголемила, алудирајќи на фактот што Белорусија дозволи Русија да ја нападне Украина од нејзина територија во 2022 година.

16

Кучето бел шпиц на белорускиот лидер Александар Лукашенко има повеќе права од народот на Белорусија, изјави во Вилнус претседателот на Украина Володимир Зеленски алудирајќи на настаните во Белорусија од 2022 година.

Споредувајќи ја Белорусија со други земји од регионот, Зеленски рече дека постои единство меѓу Полска, Украина и Литванија, додавајќи дека Белорусија сè уште треба да постигне вистинска независност.






Украинскиот лидер смета дека Белорусија имала можност да го промени тоа, осврнувајќи се на мирните протести во 2020 година, но дека „во тоа време, поддршката за Белорусите едноставно не била доволна“.

– А сега сите чувствуваме колку потешко, поскапо и поопасно станало за сите поради зависноста на Белорусија од Москва – зависност што не се намалува – рече Зеленски.

На почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година, Лукашенко им дозволи на руските сили да ја користат белоруската територија за да започнат напад врз Украина.

Зеленски исто така се јави на Фејсбук и даде информација за трилатерлната средба на украинска, руска и американска делегација во Обединетите Арапски Емирати. Украинскиот претседател изјави дека сложените политички прашања остануваат нерешени, но дека набргу ќе има повеќе разговори.

„Ова беше првиот формат на трилатерален дијалог за ставање крај на војната по долго време. Состаноците опфатија голем број важни прашања, пред сè, воени, неопходни за ставање крај на војната. Анализирани беа клучните позиции на сите страни. Јас ја поставив рамката за понатамошна дипломатска работа“, напиша Зеленски на Икс.

Украинскиот претседател потврди дека се дискутирале сложени политички прашања, кои сè уште остануваат нерешени.

„Сега се во тек подготовки за нови трилатерални состаноци оваа недела“, објави тој.

Зеленски, денеска соопшти дека енергетската ситуација во Киев е сè уште исклучително тешка, особено на левиот брег на Днепар, и дека повеќе од 1.200 станбени згради се без греење.

„Одржан е посебен состанок и поднесени се извештаи за состојбата во регионите во кои енергетската ситуација е најтешка. Тоа се, пред сè, Киев и Киевската област, Харков и целата Харковска област, Черниговската област, Сумската област, Днепарската област и Запорожје“.

Поврзани содржини