КУЧЕТО НА БАЈДЕН ИЗБРКАНО ОД БЕЛАТА КУЌА Миленикот на претседателот напаѓал агенти на Тајната служба
Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година, а на еден вработен неодамна му била потребна медицинска помош откако бил нападнат и каснат од двегодишен германски овчар.
Кучето Командер, домашен миленик на американскиот претседател Џозеф Бајден, кое повеќе пати напаѓаше членови на Тајната служба, е преместено од Белата куќа на друга локација.
Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година, а на еден вработен неодамна му била потребна медицинска помош откако бил нападнат и каснат од двегодишен германски овчар, пренесува Sky News.
Елизабет Александар, портпаролката на првата дама Џил Бајден, потврди дека кучето во моментов не е во комплексот на Белата куќа и додаде дека „се проценуваат следните чекори“.