КУЧЕ УБИ ДЕТЕ ВО ПИНТИЈА Песот бил чуван во соседната куќа

Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ на 11.04.2023 во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.

2,455

Малолетник починал синоќа откако бил нападнат од куче што го чувал неговиот сосед во скопската населба Пинтија.

„Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ на 11.04.2023 во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.






Во меѓувреме Телма излезе со нови детали од истрагата. Се вели дека кучето  на соседот било англиски бул мастиф старо 12 години, а дека покрај него во дворот имало и друго куче. Соседите биле во добри односи. Детето, осумгодишник, влегло во дворот и било нападнато. Тоа искрварило по пат кон болицата, а имало рани на вратот и на главата. Лекарите се обиделе да го реанимираат детето, но не успеале да го спасат. Во моментот кога било примено не дишело и немало срцева акција.

Сопственикот на кучето бил повикан на информативен разговор во полиција.

Поврзани содржини