Куба направила 150.000 дози можна вакцина против ковид-19
Земјата работи со Иран на развој на вакцината Соберана 2, пренесува Си-Ен-Ен.
Кубански научници соопштија дека произвеле 150.000 дози од најверојатниот кандидат за вакцината против Ковид-19, објави весникот „Гранма“.
Куба работи со Иран на развој на вакцината Соберана 2, пренесува Си-Ен-Ен.
Третата фаза од клиничкото испитување ќе почне во март, а вакцината може да биде подготвена за поширока употреба во април, велат научниците.
Иако Куба сè уште не започнала да вакцинира луѓе надвор од клиничките испитувања, официјалните лица очекуваат дека целото население од 11 милиони ќе биде вакцинирано до крајот на 2021 година.