КУБА ГУДИНГ СЕ СПОГОДИ СО ЖЕНАТА КОЈА ГО ТУЖИ ЗА СИЛУВАЊЕ Оскаровецот овој пат спаси глава
Оскаровецот Куба Гудинг Џуниор вчера постигна спогодба со жената која го тужеше за шест милиони долари поради обвинение дека ја силувал пред 10 години, а спогодбата уследила неколку минути пред поротата да почне да заседава на федералниот суд во Менхетн.
Оскаровецот Куба Гудинг Џуниор вчера постигна спогодба со жената која го тужеше за шест милиони долари поради обвинение дека ја силувал пред 10 години, а спогодбата уследила неколку минути пред поротата да почне да заседава на федералниот суд во Менхетн.
Како што наведува Ројтерс, таквата спогодба значи дека холивудскиот актер ќе избегне да се зборува за деталите од неговиот наводен напад, како и дека жената нема да мора да го открие својот идентитет, откако судијата одлучил дека таа може анонимно да се појави на судењето.
Жената која го тужи Гудинг навела дека актерот ја намамил во својата хотелска соба и ја силувал откако се сретнале во ресторан на Менхетн.
Гудинг ги негирал обвиненијата и рекол дека сексот бил заемна желба, а адвокатката Глорија Олред, која ја застапува оштетената жена, одбила да коментира.
Судот минатата недела пресудил дека три други жени кои тврделе дека Гудинг ги нападнал или се обидел да ги нападне, ќе имаат дозвола да сведочат на судењето.
Актерот беше уапсен во јуни 2019 година во посебен кривичен предмет откако жената и рекла полицијата дека ја милувал без нејзина согласност во близина на Тајмс сквер, а подоцна се соочил со дополнителни обвиненија поради наводно допирање на жени без нивна согласност.
Гудинг во април 2022 година се изјасни за невин за насилно допирање бидејќи бакнал една жена без нејзина согласност.