Куба ќе биде прва земја во светот што ќе го вакцинира населението со своја вакцина

Земјата не нарачала вакцини од странство бидејќи тие имаат високо пофален здравствен систем кој вклучува производство на свои вакцини од 1980-тите.

1,793

Куба ја започна својата кампања за вакцинација во мај, а досега секој петти Кубанец е вакциниран со најмалку една доза.

Голема најава пристигна од Едуардо Мартинез, претседател на кубанската државна фармацевтска компанија „БиоКубаФарма“.






– Ние веруваме дека ќе бидеме првата земја во светот што ќе ја вакцинира целата популација со домашна вакцина до крајот на годината – изјави Мартинез.

Амбициозниот план беше презентиран на панел од кубански научници, на кој се дискутираше за фазите на тестирање на две од петте пријавени вакцини – „Абдала“ и „Соберана 2“.

Поради епидемијата на коронавирусот во одредени делови на земјата, кубанските власти наредија итна вакцинација со сè уште неодобрената „Абдала“, кој сè уште е во фаза на последно тестирање. Досегашните истражувања покажаа дека вакцината е ефикасна во 92,28 проценти од случаите.

Досега секој петти Кубанец, односно 22% од вкупното население, примил барем една доза од вакцината, а научниците се надеваат дека оваа бројка ќе биде апсолутна до крајот на годината.

За таа цел, ќе им помогне одобрување на друга вакцина, „Соберана 2“, чијашто ефикасност се проценува помеѓу 85 и 95 проценти. Двете кубански вакцини се даваат во три дози, а ефективноста на две од добиените три дози на „Соберана 2“ се проценува на 62 проценти.

Земјата не нарачала вакцини од странство бидејќи тие имаат високо пофален здравствен систем кој вклучува производство на свои вакцини од 1980-тите.

Успехот на кубанската вакцина веќе го разбуди интересот на земјите како Венецуела, Аргентина, Јамајка, Мексико, Виетнам и Иран, кои ја произведуваат вакцина „Соберана 2“ од почетокот на годинава, според кубанската формула.

Нови, позаразни видови на вирусот се појавија и на Куба, поради што земјата се соочува со најголем број случаи од почетокот на кризата. Нивниот просек од седум дена сега е 1.224 случаи. Вкупно 175.000 луѓе беа заразени со ковид-19 во Куба, а починаа 1.209 лица.

Поврзани содржини