СОЦИЈАЛИСТИЧКА КУБА ДА ПОТПИШЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА Трамп вели дека Хавана останала без пари и без нафта

Куба навистина е нација која е многу блиску до пропаст. Социјалистичката карипска држава порано ги добиваше своите пари и нафта од Венецуела. Но, повеќе не ги добива, изјави шефот на САД повикувајќи Куба да склучи договор, како што вели, пред да биде предоцна.

254

Претседателот на САД, Доналд Трамп, оцени дека Куба се движела кон пропаст, откако останала без клучната финансиска и енергетска поддршка од Венецуела.

При посетата на сојузната држава Ајова, Трамп изјавил дека социјалистичката карипска држава порано добивала пари и нафта од Венецуела, но дека таа поддршка веќе пресушила.






– Куба навистина е нација која е многу блиску до пропаст. Социјалистичката карипска држава порано ги добиваше своите пари и нафта од Венецуела. Но, повеќе не ги добива – изјави Трамп.

По настаните од почетокот на годината, кога американските сили го уапсија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, администрацијата на Трамп ја заостри реториката против комунистичката власт во Куба.

Трамп ја повика Куба да склучи договор „пред да биде предоцна“.

Односите меѓу Хавана и Вашингтон се тензични со децении. Куба сега се соочувала со најтешката економска криза од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година и се борела со сериозен недостиг на гориво.

Иако испораките на венецуелска нафта се намалувале со години и делумно се надополнувале од Русија и Мексико, кубанската економија би можела целосно да се распадне доколку САД целосно ја стопираат венецуелската нафта за Куба.

Поврзани содржини