СЛАБА ХИГИЕНА ВО КУЈНИТЕ ВО 2 ГРАДИНКИ Одземени и уништени се 83 килограми храна која не се чувала според стандардите

Парични казни изречени се за 3 градинки и едно училиште и издадени 9 решенија за отстранување на недоследностите.

136

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември спроведоа контроли во училишните и во кујните во градинките на територијата на цела држава.

Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта притоа се издадени  9 решенија со наредби за нивно отстранување.






Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.

Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.

Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа 1 парична казна и  донесоа 5 решенија со наредба за нивно отстранување.

Поврзани содржини