Куќен притвор за Драги Рашковски

„Во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка“, велат од судот.

810

Кривичниот суд Скопје му одреди мерка куќен притвор на ексгенералниот секретар Драги Рашковски. Обвинителството бараше притвор за Рашковски за набавката на софтверот.

Во соопштението од судот се вели дека одредиле куќен притвор зашто обвинителот не приложил докази дека ексгенералниот секретар на Владата е имотен и може да избега, како и дека ќе влијае на истрагата.






„Во предлогот обвинителот не приложил докази во поткрепа на основите на сомнение заради кои се бара притвор, односно не приложил доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка“, велат од судот.

Ист е случајот и со сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Исто така, на Рашковски и Станчев им се забранува комуникација со другите осомничени и користење на средства за комуникација.

Рашковски е првоосомничен во случајот со набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци од 81.000 евра, кој никој не го користи.

Обвинителството соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување.

Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Обвинителството се сомнева дека Рашковски ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Со тоа е предизвикана финансиска штета врз државниот буџет во висина од речиси 180 илјади евра.

Рашковски пред неколку дена поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Премиерот Зоран Заев ја прифати оставката.

Поврзани содржини