КУЌЕН ПРИТВОР ОД 8 ДЕНА ЗА НАПАЃАЧОТ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА Вториот напаѓач доби мерки за обезбедување

На С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка, а на второосомничениот, исто така со иницијали С.Љ, кој се товари дека се заканувал кон оштетената, му се определуваат мерки за претпазливост, информираше Кривичниот суд.

170

Судија од Кривичниот суд определи мерка куќен притвор за лицето кое вчера во Чаир ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. За напаѓачот Обвинителството бараше затворски притвор.

 

За ворото лице, кое ѝ се заканувало на Арсовска, Судот определи мерки за претпазливост.






„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за кривичното дело Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик,  поврзани со вчерашниот напад на градоначалникот на Градот Скопје, донесе решенија. На С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка, а на второосомничениот, исто така со иницијали С.Љ, кој се товари дека се заканувал кон оштетената, му се определуваат мерки за претпазливост , односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување во судот, одземање на патната исправа и забрана за приближување и контактирање со одредени лица“, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот наведуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

 

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ НА АРСОВСКА, СОПСТВЕНИК НА ДИВОГРАДБА Двајца осомничени за насилство врз градоначалничката на Скопје

Поврзани содржини