КУЌАРКИТЕ СЕ ПОСТАВЕНИ ЗА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА Арсовска вели дека не се на Градот, туку на „Паркови и зеленило“

Ги повикуваме медиумите да проверат низ останатите градови каде од Нова година па Велигден и до денес сѐ уште не се поместени куќарките кои се поставени, за да нема перцепција дека за Скопје има хајка за истото, напиша Арсовска.

654

Куќарките се поставени на плоштадот „Македонија“ во функција на Отворените денови на 23 скопски средни училишта кои ќе се одржат во следните неколку дена со цел запознавање на полуматурантите со образовните програми и профили кои ги нудат.

Ова го напиша градоначалничката Данела Арсовска на својот профил на Фејсбук откако неколку дена медиумите пишуваат дека куќарките се вратени на плоштадот без објаснување со каква намена.






„Бидејќи се продолжува повеќе од две години во низа, со напади врз градот и манипулации во обид за јавен линч, мораме да демантираме и јавноста да ја информираме тука бидејќи друг начин немаме.

Куќарките не се на Градот туку на Јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’, а во функција за Отворените денови на 23 скопски средни училишта кои во следните неколку дена на плоштадот ‘Македонија’ ги запознаваат полуматурантите од градот и од земјата со образовните програми и профили кои ги нудат

Куќарките не се новогодишни, еве сега се поставени во пролет дали тоа ги прави пролетни?

Ги повикуваме медиумите да проверат низ останатите градови каде од Нова година па Велигден и до денес сѐ уште не се поместени куќарките кои се поставени, за да нема перцепција дека за Скопје има хајка за истото!

Ајде секој ден ќе си читаме лажни вести, малициозни манипулации и напади, како и во изминатите две години. Ама за другите од било која гарнитура не смеете збор да пишете. ‘Како и до сега’.”, напиша Арсовска.

Поврзани содржини